вторник, 27 мај 2008

Миранда се жени?!?!?!?!



Црвенокосата ѕвезда од "Sex and the City" - Cynthia Nixon во интервју за "Mirror" објави дека планира да се ожени со својата долгогодишна девојка Christine Marinoni...

Cynthia во интервјуто изјавува дека доколку во New York во скоро време би се легализирал хомосексуалниот брак, дека таа и Marinoni планираат и официјално да стапат во брак.

Cynthia има две деца - Samantha (11), и Charles (5), а нејзиниот брак со професорот Danny Mozes се распадна откако во 2003 се роди нејзината нова хомосексуална љубов.

"Целиот мој живот сум го поминала со мажи и никогаш порано не сум се заљубила во девојка, но ете тоа едноставно се случи.

Неможам да се дефинирам себеси.

Јас сум само една жена која е вљубена во друга жена", вели Nixon за "Mirror".

извор: zazabava.com

понеделник, 26 мај 2008

хип-хоп дешавка!!!




Другари и другарки!!! (ко у времето на Тито=)
Се шегувам, не планирам да должам, се си кажува флаерот. Сите љубопитни повелете...
Пи еС. клик на сликата за подбро да ја видите.

четврток, 22 мај 2008

Евровизија без Македонија

Пред 15 минути заврши втората полуфинална вечер за евровизија. Македонија не влезе за финалето кое ќе се одржи на 24 мај, кое нема да го гледа ниеден Македонец :))))) Ова е прв пат Македонија да не се пласира за финалето.

"Arcanum" го смeнија името во "Aeon Arcanum"

Некако интересно тргна со овие промените…па еве и една драстична промена.
Поради неколкуте бендови со истото име кое го носевше македонскиот дет метал состав тие беа принудени да го сменат името. Вака променетото име има поголема конекција со нивните текстови и со идеологија.

Нешто и за журките кои се планираат во Скопје

Иако се најавува дека викендов ке биде облачно со врнежи од дожд сепак се надевам дека не сте „тапа“ и дека тоа нема да претставува проблем за вас,да излезете и одлично да си поминете. Во продолжение ке ви предложам некои места каде можете да го поминете викендов. Се надевам дека ќе ви дадам одлична идеја и дека ќе си поминете супер!


Најпрво за неколку места каде има добро журки во петок а дополнително ќе ве известам за во сабота:

Во салата на универзитетот Фон како и секој друг петок има добра салса журка. Па доколку сте по танцувањето можете да поминете до таму па да видите како е.

Истата вечер во мезе-барот Сопоцко има одлична атмосфера со Off Pop.

Во Колосеум има одлична Hip Hop журка.

И секако според мене најголемото случување овој петок ќе биде во клубот Кастро, Dennytechuva ќе го имаат првиот целовечерен концерт, промоција на новиот албум '' се вртиме во круг''. На самата промоција ќе биде поделен албумот на сите оние кои не успеaа да го земат преку магазинот Avantgarde.... ќе има комлетен merchandise на DennyTeChuva (машки и женски маици, беџови, торби)... Влезот е 150 ден Старт 21:30 ч.



И секако да не заборавам да ве потсетам дека по повод 5 години на сцената со Digital Dance на Скопскиот Саем ќе гостува одличниот SKAZI. Настанот ќе се случи на 31 мај. Билетите се по специјална цена по повод роденденот на Digital Dance и може да се купат во предпродажба во Југотон по цена од 250 денари. Па повелете купете си карта на време на врата сигурно ќе биде поскапа.

Извор за nastanite: kadevecer.com.mk

среда, 21 мај 2008

- Со вештачка насмевка до депресија , е токму затоа огледајте се на ова мало човече!!!!


Дека смеењето е здраво е општо познат факт. Помага во намалувањето на стресот, а позитивно влијае и на срцето. Но, според германските психолози, вештачката насмевка има сосема спротивен ефект.

Не само што не го намалува стресот, туку дополнително и го зголемува, а може да поттикне и депресија, па дури и проблеми со срцето. Ова се однесува на насмевката која често може да се види на лицата на луѓето чија професија налага постојано да бидат насмеани, како на пример стјуардесите, или работниците во услуќните дејности.

"Доколку сте принудени да му се насмевнувате на секој потенцијален купувач или клиент, навистина може да ја поттикнете депресијата", смета професорот Дитер Зап од институтот Гете во Франкфурт.

Професорот им препорачува на "професионалните насмевнувачи" редовно да се одмараат за да се ослободат од насобраниот напорот кој им е потребен за ваквото насмевнување.

Едно од решенијата за овој проблем би можело да биде и вистинското уживање во работата, бидејќи доколку уживате - тоа значи дека насмевката е искрена, а ако е искрена, тогаш е добра и за здравјето.

- Најплатениот модел на светот е...... Жизелллллллл!!!

Со заработка од 35 милиони долари која ја остварила минатата година, 27 годишната Бразилка стана најплатен модел на денешницата.

Кон крајот на 2007 година, Жизел склучи 5 милионски договор со американскиот производител на долна облека Victoria's Secret, а соработува и со 20 други компании, претежно козметички гиганти.

На второто место на листата на најплатените манекенки се најде 34 годишната Германка Хајди Клум, која годишно заработува 14 милиони долари, пред се благодарение на ТВ шоуто "Project Runway" во кое се наоѓа во улога на водителка и продуцент.

Британката Кејт Мос (34) е на третото место со 7,5 милиони долари, а следат Бразилката Адријана Лима (7 милиони долари) и Холанѓанката Даутзен Крус (6 милиони долари).

извор-кајгана!

- И нормално сликата од убавиците кои ке се појават на филмското платно- конечно!!!! )))))


-Враќањето на убавиците - некаде предизвика забрана!!!!

Во Ерусалим и Петах Тиква, во централниот дел на Израел, се забрани рекламирањето на премиерата на филмот „Сексот и градот“ на уличните билборди.

- Не баравме да се рекламира голотија, ниту пак пораки кои би можеле да бидат навредливи за јавноста, а особено за заедницата на ултраортодоксните Евреи - изјавил портпаролот на „Форум филм“, дистрибутерот на кино - хитот за тамошниот пазар.

Властите на Израел негодуваат за насловот на филмот, но продуцнтите сметаа дека е смешно да се рекламира некој бренд, а да не му се објави името.
И тоа се заради малото зборче содржано во веќе добро познатата со години серија - „ Сексот и градот“ како во Ерусалим децата да им ги донеле штрковите!!!
Чудно и невистинито! Како и да е ерусалимците ќе го пропуштат најдоброто од „девојките“ досега, и тоа на големото филмско платно!

ФУДБАЛ........

Image Интересен натпревар со победа на Манчестер, специјално изгледан од моја страна, за ваква ексклузивна :))))))) информација. Со оваа победа Манчестер јунајтед стана нов европски првак за сезоната 2007_2008.
Еве што се разговараше пред натпреварот........


Манчестер Јунајтед или Челзи?


Прашање кое од Премиер Лигата се пресели и во Лигата на Шампионите. Повторно: Манчестер или Челзи? Сепак, на тронот ќе стојат Англичани, со што ќе се изедначат со Шпанците и Италијаните по бројот на титули во најелитното европско клупско натпреварување.

Во сезоната на англиско финале, Островјаните беа доминантни во Лигата на Шампионите како никогаш досега. Дури три англиски екипи (Манчестер, Челзи и Ливерпул) играа во полуфиналето, а четвртата, Арсенал, стигна до четвртфиналето каде налета на Ливерпул.

Англиските клубови преставуваат свет во мало. Во двете екипи по 11 фудбалери, а дури седум нации. Манчестер на московската трева ќе истрча со состав во кој има неколку Англичани, потоа Холанѓанец, Португалец, Французин, Србин, Аргентинец и Кореец. Челзи, пак, ќе има уште помалку Англичани, а двајца фудбалери од Брегот на Слонова Коска, Германец, Французин, Португалец, Чех и Ганец.

Манчестер игра поубаво од Челзи. Екипата на Фергусон има поубава, потечна и попрецизна игра. Но и Челзи има јаки адути. Екипата на Грант е потврда, поагресивна, појака во дуел играта, а има и убиствена контра во која Дрогба е скоро незапирлив.

Еве какви беа размислувањата на двајцата тренери на помалку од 24 саати пред натпреварот на сезоната:

“Играме голема сезона, го освоивме првенството, а ако успееме и Лигата на Шампионите, ќе можам да кажам дека ова е најдобрата екипа со која сум работел сите овие години во Манчестер (а 22 години не се малку).”-задоволно изјави Ферги.

Беше запрашан и како ќе го надмудри Челзи, во што и вечерва успеа.

“Ќе има малку надмудрување, бидејќи сѐ се знае. Мислам дека фактот што ние сме за нијанса помлади може да биде адут во воспоставувањето на ритам на мечот. Се надевам дека Челзи нема да може да не следи во тоа. Тоа е детал на кој можеме да создадеме разлика и шанса за нова титула.”-одговори стариот лисец Фергусон кој е и тоа како ценет од својот колега од другата страна, Аврам Грант:

“Сигурен сум дека господинот Алекс ќе се обиде да смисли некое изненадување за нас, но нашиот мотив е таков за да неможе ништо да ни попречи. Битно е да останеме со ладни глави. Сепак се работи за искусни фудбалери, Манчестер има повеќе вакви натпревари и тоа искуство треба да се почитува.”-изјави Грант.

“Сакам максимално залагање во финалето, сакам да бидеме подобри во Москва и на тој начин да му се заблагодарам на Роман за довербата која ми ја укажа во еден тежок момент од сезоната. А што ќе биде потоа, дали ќе останам, заминам, мислам дека ова не е ни време ни место да разговараме за тоа.”-заврши Израелецот.

За составот за финалниот натпревар не рече скоро ништо. Вели, “ќе зборувам на теренот”.

Патот кој го изодеа двете екипи за да стигнат до финалето:



Енрике Иглезијас ќе ја пее официјалната химна на Европското првенство




Песната „Кен ју хир ми“ на поп-ѕвездата Енрике Иглезијас ќе биде официјална химна на Европско првенство, кое ќе се оддржи во Австрија и Швајцарија.

- Енрике е идеален избор според мене. Тој е популарен во целиот свет, го сака фудбалот и има европски корени – изјави рекламниот директор на УЕФА, Филип Марграф.

33-годишниот Шпанец ќе го испее хитот на 10-минутната церемонија на 29 јуни за време на затворањето на ЕВРО 2008 по финалето на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена.

- Навистина сум почестен што бев избран на ваков начин да бидам дел од фудбалската претстава во Австрија и Швајцарија. Голема чест за мене е да пеам на финалето – изјави Иглезијас.

Песната е снимена во студио во Мајами, а видео-клипот, нормално, ќе биде со фудбалска тематика. На претходниот европски шампионат химна беше песната „Форца“ на Нели Фуртадо, која потекнува од Португалија.

Неколку интересни информации кои сигурно ќе ви го задржат вниманието



Трудниот маж ќе се породи на 3 јули
Томас Бити, трудниот маж очекува принова на 3 јули. Девојчето кое го носи стана чудо уште пред да се роди. За помалку од шест недели трудниот маж ќе стане мајка, пишува во денешниот број британскиот весник Дејли Мирор.“Тој е виден пред својата куќа како коси трева, а облечен е во маица со натпис ’Дефине Нормал’ (Дефинирај нормално)“, се вели во текстот. Според весникот, овој 34-годишник вели дека е како и секоја друга мајка.“На соседите и на сопругата не сум им необичен. Желбата за деца не е ниту машка, ниту женска работа, туку човечка“, рекол Бити.Иако неговата бременост предизвикува големо внимание и шок низ светот, него сепак го мачат исти проблеми како и на многу трудници. “За жал нема облека за трудни мажи. Како расте мојот стомак, расте и нов живот во мене. Но, без оглед на тоа јас сум сигурен во својата машкост“, рекол тој. Бити е дигач на тегови и има црн појас во карате.Тој е роден како жена со име Трејси Лагондино. Со хируршка интервенција го менува полот пред околу 10 години. Потоа земал машки хормони, а му биле остранети и градите. Сепак одлучил да ги задржи женските репродуктивни органи, па благодарение на тоа тој и неговата 45-годишна девојка Ненси, на која матката и била остранета пред 20 години, можат да имаат деца.


Деветгодишно девојче носи ембрион од својот близнак
Деветгодишно девојче, кое поради болки во стомакот било примено во болница во централна Грција, во себе го носело ембрионот на својот близнак, пренесоа агенциите.Лекарите од Централната болница во градот Лариса го прегледале девојчето и ја одложиле хируршката интервенција бидејќи утврдиле дека во себе има ембрион со големина од шест сантиметри. -Лекарите забележале дека стомакот на девојчето е надуен на десната страна, но не претпоставувале дека во туморот може да се крие ембрион, објаснува директорот на болницата Jаковос Брускелис.Андреас Марку, раководител на педијатриското одделение на болницата, изјави дека ембрионот претставувал оформен зародиш со глава, коса и очи, но без мозок и папочна врвца. -Ваков случај, во кој еден од близнаците се наоѓа во стомакот на другиот, се јавува еднаш на 500.000 живородени деца, појасни Марку. Девојчето е целосно закрепнато. „Неговото семејство не сака да се соопшти неговиот идентитет“, изјавија претставници на болницата.


Пиле со четири нозе
На фармата сопственост на Пашк Ѓолека во селото Дервен, во близина на албанскиот град Фуш Круја, меѓу повеќето пилиња се опилило и едно пиле со четири нозе. Како што јави дописникот на МИА од Тирана, од четирите нозе на пилето му функционирале само две, додека другите две кои се вишок на телото на пилето не функционираат. Ова е прв ваков случај регистриран во Албанија.




Извор: idividi.com.mk

вторник, 20 мај 2008

-Нешто ново од Микрософт!!!


Микрософт одлучи бесплатно да го понуди својот Офис пакет на интернет, за користење како он-лајн апликација. Тоа значи дека корисниците ќе можат он-лајн да им пристапуваат и споделуваат своите Ворд, Ексел или Пауер Поинт документи. На сајтот Microsoft Office Live Workspace на секој корисник ќе му бидат дадени 250 мегабајти простор, што би било доволно за околу 1.000 просечни документи.Од својот профил корисникот ќе може да ги испраќа документите или истите да им ги даде на разгледување на колеги, кои пак преку својот браусер ќе можат да ги остават сопствените коментари и забелешки за дадениот документ. Услугата ќе биде компатибилна со Офис 2003 и Офис 2007. Сепак, ако корисниците сакаат да го уредат текстот на некој од документите, тие тоа ќе мора да го направат локално на инсталирана копија на Микрософт Офис или некој сличен пакет.Според многумина Office Live Workspace е одговорот на Микрософт на он-лајн апликациите на Гугл Docs & Spreadsheets, кои претставуваат бесплатна замена на Ворд и Ексел. Неодамна Гугл објави и своја верзија на Пауер Поинт.

-Свежо за огромната евровизиска треска!!!!


Финалето на годинашниот „Евросонг“ ќе се одржи на 24 мај, денот кога пред точно 52 години се одржа првиот евровизиски избор. Во „Белградска арена“ ќе се чуе и јубилејната 1.000 песна отпеана на големата музичка манифестација.
Во „Арена“ се обезбедени 68 луксузни ложи, на натпреварувачите им се на располагање 30 гардероби, 40 соби за шминкање и посебна просторија за пеглање и за евентуална поправка на облеката на натпреварувачите.
Во живо, натпреварот ќе го проследат 14.000 гледачи, во партерот 900 места се за фановите, а другата половина е преадаптирана за џиновската сцена, долга и широка 25 метри. Над гледачите ќе ротираат 500 рефлектори. Сите гледачи ќе поминат преку детектор. Ангажирани се повеќе од 400 полицајци и обезбедување.
Делегациите на Израел и на Албанија побараа и добија засилена придружба од српското министерство за внатрешни работи. Пејачите на располагање имаат луксузни автомобили, договорено е целодневно крстарење, а за најхрабрите дури и лет со балон. Делегациите се сместени на дваесет различни локации.
Сите влезници за финалето се распродадени два и пол месеци порано, а некои хотели се резервирани една година однапред. Цените за сместување се екстремно скапи во српската метропола. Големите фаци се сместени во хотелот „Хајат“, а луксузните дипломатски и претседателски апартмани се на 7-ми и на 8-ми кат и едно ноќевање чини од 1.255 до 1.555 евра. Светски познатиот моден дизајнер Жан Пол Готје ќе престојува во истите соби каде претходно биле сместени членовите на „Ролинг Стоунс“ и Бил Клинтон. Првите десет земји кои ќе добијат виза за големата завршница ќе се знаат вечерва по полноќ. Второто полуфинале кога Македонија ќе ги има своите три минути е закажано на 22 мај, а финалето е в сабота.

ИНТЕРЕСНА РЕКЛАМА ШТО МОРАТЕ ДА ЈА ПОГЛЕДНЕТЕ :))

Репортажа од фабриката за правење на интернет страни на Фолксваген. Погон - официјалниот сајт на компанијата за Британија.
Izvor: on net.mk


Претставување на актерите од новата „Беверли Хилс“

Уште една информација во врска со серијата " Беверли хилс ".
Со оглед на успехот што серијата го постигна кога беше првпат емитувана, разбирливо е што продолжението предизвикува голем интерес.

Авторите на новата верзија на ТВ-серијата „Беверли Хилс“ најавуваат дека ќе биде „покул, посекси и попровокативна од оригиналот“. Ова клипче е првото што ги претставува главните актери, а нивните имиња (ако засега некому му значат нешто) се: Роб Естес, Лори Лофлин, Џесика Волтер, Шене Грајмс (фото), Тристан Вајлдс, Аналин Меккорд, Мајкл Стегер, Дастин Милиган и Рајан Еголд.

Џени Гарт ќе се појави како специјална гостинска и ќе го повтори својот лик, само овој пат, соодветно на годините, како возрасна личност.

Како и во серијата од 90-тите, приказната се врти околу семејство кое од американскиот среден запад доаѓа да живее на Калифорнија. Но, сега таткото Хари Милс (Естес) е поранешен ученик на гимназијата во Беверли Хилс, кој се преселил во Канзас, меѓутоа мора да се врати, бидејќи неговата мајка (Волтер), инаку поранешна филмска ѕвезда, станува алкохоличарка и некој треба да се грижи за неа.

Во семејството се уште сопругата Силија (Лофлин), поранешна освојувачка на олимписки медал, биолошката ќерка Ени (Грајмс) и посвоениот син Диксон (Вајлдс).

Izvor on net.mk

Последна промена: 20.05.2008
#

НА 22 МАЈ КУПЕТЕ ВЕСНИК И ЗА САМО 15 ДЕНАРИ ЌЕ ГО ДОБИЕТЕ БЕСПЛАТНО ФИЛМОТ „СЕНКИ“


На дваесет и втори Мај купете некој од дневните весници „Вест“ , „Дневник“ или „Утрински Весник“ и со секој примерок ќе добиете бесплатно ЦД со филмот „ Сенки“ на македеонскиот режисер Милчо Манчевски. За овој филм досега беше покажан огромен интерес како на филмските фестивали на кои тој учествуваше, така и кај македонската публика. Тој е најгледаниот филм во Македонија кој ги преполни кино салите во земјава додека беше на репертоар. Нема потреба да ви објаснувам кој е овој филм бидејќи не се сомневам дека сите добро знаете за што станува збор. Јас само сакам да ве потсетам да си купите некој од весниците за да ја збогатите својата домашна колекција на филмови, а во случај да ја немате не би било лошо со овој филм да ја започнете. За само 15 денари е супер да добиете филм а секако и да ги прочитате дневните актуелни настани. Со оваа акција на овие три весници добиваат и читателите, како и самите редакции. Читателите добиваат филм „за џабе“ а весниците поголема прдажба на весникот а со тоа може и да се зголеми читателската публика на весникот!Браво за оваа акција иако не се случува за прв пат кај нас. Ми се допаѓа што се развива.

-Интересна вечер исполнета со многи изненадувања, Евровозија!!!


Според она што го прикажаа на генералната проба за првата полуфинална вечер, организаторите на „Евросонгот“ подготвуваат големо шоу со учество на своите најголеми спортски ѕвезди.За „Песната на Евровизија „ во Белград се најавува дека ќе биде една од најспектакуларните досега: фантастична сала, атрактивна сцена, многу гости... Колку се најавите точни ќе видиме веќе на првата полуфинална вечер.Според сценариото испробано на генералната проба, „Евросонгот“ почнува со инструментална верзија на минатогодишната победничка „Молитва“, на која се надоврзува детски хор со песна за Белград. Потоа следува огномет, а на местото на децата, доаѓаат трубачи и КУД „Коло“, кои заедно изведуваат хитови од претходните изданија на фестивалот. На пробата особено успешни беа трубачките верзии на „Volare“ и на „Waterloo“. Дури по ова на сцената се појавуваат водителите Јована Јанковиќ и Жељко Јоксимовиќ.Тие ги најавуваат првата група земји учеснички во полуфиналето, по што следува пауза, во која со видео-порака се обраќа тенисерката Ана Ивановиќ. Програмата продолжува со другите изведувачи, а секој се труди да привлече што повеќе симпатии. Така, Естонците мафтаа со знаме на Србија, Финците донесоа моќна пиротехника, полската претставничка блескаше во фустан обложен со кристали „Сваровски“... Сепак, најмногу аплаузи добија претставниците на Русија (горе), Грција и на Босна и Херцеговина.Откако завршува изведувачкиот дел, водителите го повикуваат тенискиот ас Новак Ѓоковиќ, кој со фрлање топче во публиката го означува почетокот на гласањето. Бидејќи Ѓоковиќ не дојде на генералната проба, него го „глумеше“ актерот Иван Клеменц. Се очекува тенисерот да биде присутен во официјалниот термин и пред да го најави гласањето, да ја отпее со Жељко Јоксимовиќ песната „Београде, Београде“.

понеделник, 19 мај 2008

Упорноста наречена Микрософт

Надоврзувајќи се на постот кој го напиша Сашка, најнови вести во врска со овој "спор".
И покрај тоа што пред две недели ја повлече понудата и вети дека нема да изготви нова непријателска понуда за Јаху, Микрософт сепак се обиде да се врати во игра, предлагајќи нов, алтернативен договор кој не вклучува комплетна аквизиција.

”Микрософт размислува за алтернативно решение, кое предвидува бизнис зделка со Јаху, но не и аквизиција на целата компанија. Сепак, немаме никаква гаранција дека новите преговори ќе резултираат со каква било трансакција”, пишува во соопштението на софтверскиот гигант.

Во одговорот на понудата, од Јаху велат дека во овие моменти не се заинтересирани за комплетна аквизиција, но дека се отворени за склучување договор кој ќе биде во најдобар интерес за акционерите.

Иако Микрософт одбива да открие детали од новиот предлог, Форбс претпоставува дека понудата е наменета за бизнисот со рекламирање на Јаху интернет пребарувачот. Постојат две варијанти, едната е аквизиција на тој бизнис а другата партнерство во кое Микрософт ќе продава реклами што ќе бидат објавени веднаш до резултатите од пребарувањата на Јаху.

Новата понуда доаѓа во периодот кога Јаху се подготвува да го објави бизнис договорот со Гугл, во кој е вклучено токму рекламирањето на интернет пребарувачот на Јаху а кој воопшто не му оди во прилог на Микрософт.

извор: on.net.mk

недела, 18 мај 2008

Наскоро - мирис преку мобилен

 Веќе е очигледно дека нема крај на "досетливоста" на вредните Јапонци. Овој пат тие понудија услуга со која преку мобилниот телефон, на пријателите покрај звук, видео и слика, ќе може да им испратите и мирис

Услугата наречена Mobile Fragrance доаѓа од јапонскиот оператор NTT Communications, а десетдневниот пробен период започна на 10-ти април и ќе трае 10 дена.

За испробување на услугата се избрани дваесет мажи и жени.

Тие добија пакет телефони и уред - кој споен со мобилниот ќе го испорачува посакуваниот мирис.

За да не остане се само на мирисот, услугата Mobile Fragrance Communication со испораката на мирисот може да испрати и аудио и видео запис.

Така во иднина ако сакате преку MMS да ги поканите пријателите на скара, покрај сликата и звукот тие ќе може и да го помирисаат она што ги чека.

Microsoft се откажа од Yahoo


 Иако во саботата се шпекулираше дека можеби ќе дојде до историскиот дил, Microsoft сепак се откажа од купувањето на интернет гигантот Yahoo. Прво пристигна...

... вест дека од првобитните 44.6 милијарди, понудата е подигната на 47.5 милијарди долари, но потоа стигна официјално соопштение од Microsoft во кое се објави крај на тромесечните преговори.

"По деталните анализи заклучивме дека најдобро за нашата компанија е да ги повлечеме предлозите поради тоа што барањата на Yahoo немаат смисла", соопшти за медиумите директорот на Microsoft - Steve Ballmer.

Челните луѓе на Yahoo бараа 53 милијарди долари, што беше премногу дури и за Microsoft кој сега ќе мора да најде друг пат во борбата со Google.

четврток, 15 мај 2008

- Прва среќа!!!


Вчера се случи и првата евровизиска проба, на која Тамара, Адријан и Врчак го имаа првиот настап на сцена оваа година.

На сцената ја изведоа едната од трите можни комбинации за главната и финална вечер на „ Евровизија“ . Ќе биде поставен како еден вид на ѕид, кој ќе биде поделен на три дела, и целата замисла е Тамара да излегува од средниот ѕид, нормално придружувана од двајцата танчери, односно останатиот дел од тимот, Адријан и Врчак, и секако има и простор за пратечките вокали.

Тие велат дека се задоволни од тоа како поминала првата проба со оглед на, според нив, одличните реакции на публиката. Се надеваат секако на пласман и во полуфиналето, а ние тоа ќе го дознаеме и воедно ќе навиваме за нив на 22 ри мај, кога впрочем и се одржува полуфиналето.

На македонската вечер, која се одржува токму денеска на 15 мај, ке биде прикажан документарецот за нашиот трагично загинат Тоше Проески, кој документарец е комплетно направен во Лондон за оваа прилика. Сега највероојатно и многу луѓе ќе видат што навистина имавме и на каков начин го изгубивме .

Стискаме палци за нашиот тим и се надеваме дека наредната година ќе бидеме приморани да изградиме голема сала за настани од ваков забавен карактер :)

За сите следни информации од тоа како се одвиваат настаните во Белград и дали уште поскапуваат таму цените, можете да прочитате тука!!!

вторник, 13 мај 2008

За сите љубители на метал и хардкор музиката...


Епа народе...ЧУЈТЕ И ПОЧУЈТЕ!

Сите оние коишто слушаат метал, хардкор или панк музика, или пак се љубопитни и сакаат да слушнат нешто ново, нека повелат на свирка во Кастро.
  • Имено, директно од Торун, Полска, ни доаѓа хардкор панк бендот Good Old Days. Формиран е 1998-та година. Во 1999 година го снимаат својот прв албум "Let me stay". Бендот е составен од 5 члена.
  • Домашна подршка ќе добијат од Shock Troopers, кои ни доаѓаат директно од Кочани и се истотака хардкор бенд.
  • Од Скопје ни доаѓаат Malfunction. Хардкор метал бенд формиран во февруари 2007-та година. За прв пат се промовираа пред точно еден месец на промоцијата на ДФЛ. Бендот е составен од 5 члена.
  • Oвој настан ќе го надополнат и Better Decision кои неодамна го снимија својот прв албум "Wasted Dream" кој што во најскоро време ќе биде и промовиран. Свират метал и хардкор.

Повеќе информации за бендовите можете да добиете од следните сајтови:
www.myspace.com/goodolddayshc
www.myspace.com/malfunctionmkd
www.myspace.com/betterdecision

Настанов ке се одржи на 21, истиов месец (среда), со почеток во 21:00 . Карта е 150-че.

Доколку успеав да намамам некој, или пак да го информирам, баш ми е мило, се гледаме таму!=)

"БЕВЕРЛИ ХИЛС" СЕ ВРАЌА СО ВОЗРАСНАТА ЏЕНИ ГАРТ

Телевизиската серија, која пред повеќе од една ипол деценија ги освои гледачите од светот, ќе биде обновена наесен, со дуги актери, но и со една од старите актерки.
Според пишувањето на американските весници, Џени Гарт се враќа во серијата. Продуцентите на телевизијата ЦВ потврдија дека е постигнат договор за нејзин ангажман во серијалот кој своевремено ја прослави.
Гарт повторно ќе го игра стариот лик на Кели, само што со оглед на возраста нема да биде ученичка во гимназија, туку ќе им помага на младите како советник во насочување на образование.
Засега ниту еден од поранешните колегите на Џени не е повикан да се врати во серијата. Џејсон Пристли изјави дека никој не контактирал со него околу евентуален кам-бек, но додава дека е отворен за соработка.

понеделник, 12 мај 2008

-Луда журка на 17 - ти !!!!!




- Ако немате некој сериозен и непроменлив план за 17 ти мај ( сабота), слободно можете да си фатите некое ќоше на плоштадон и да си уживкате во добрата музика на Sugababes. Ако пак не ви сметаат вашите мајки, слободно можете да ги земете со себе затоа што неодминлив е фактот дека ке паднат на шармот на големата балканска ѕвезда Чолиќ!!!!


Во моментов на турнеја низ Југославија, па и нас ке не почести со неговото двочасовно гостување на градскиот плоштад, пеејќи ги неговите стари и секако нови хитови.


Неговото присуство е потврдено и на неговиот официјален сајт, па најверојатно е дека нема опасност од парафразирање на вицот- џабе патот!


Епа поздрав драги мои, и на 17 сите во буткање за подобро место, со старт од 20 часот и 30 минути!

Бобче во Македонија?!?!?!



Вчера, односно на 11 мај 2008 година, по петти пат се одржа традиционалниот добротворен концерт "Боб Марли ин мемориам", на "школката" во гратскиот парк. Преовладуваше реге и ска. Настапуваа: ДЈ Чарлито, Лука, Иренска, Раста грл, ДЈ Славе, ДЈ Владо, ДЈ Бранко коцкица, бендовите “Лилит Вс. Амон Мра”, “Канон”, “Конкеринг Лајон”, а кулминација на годинешната прослава беше настапот на првиот реге-ска состав од Македонија, “Цилиндер”(Ристо Самарџиев, Пеце и Мите Димовски, Перо Јанков), кои се реоформираа специјално за оваа прилика, за првпат по нивното расформирање во средината на осумдесетите. И оваа година, манифестацијата е поддржана од Црвениот крст на Република Македонија и е дел од програмата за одбележување на Неделата на Црвен крст. За настанот воопшто да се случи голем придонес има и Дирекцијата за култура и уметност, која го обезбедува озвучувањето и осветлувањето. Секако, голема поддршка дојде и од уметниците, кои на овој добротворен настан редовно настапуваат без никаков надомест. Како и секоја година, беше весело и интересно, "вриеше" од млади и можеше да ги најдеш половина од луѓето што ги познаваш како се движат некаде низ паркот со чашка во раката.=)