Надоврзувајќи се на постот кој го напиша Сашка, најнови вести во врска со овој "спор".
И покрај тоа што пред две недели ја повлече понудата и вети дека нема да изготви нова непријателска понуда за Јаху, Микрософт сепак се обиде да се врати во игра, предлагајќи нов, алтернативен договор кој не вклучува комплетна аквизиција.
”Микрософт размислува за алтернативно решение, кое предвидува бизнис зделка со Јаху, но не и аквизиција на целата компанија. Сепак, немаме никаква гаранција дека новите преговори ќе резултираат со каква било трансакција”, пишува во соопштението на софтверскиот гигант.
Во одговорот на понудата, од Јаху велат дека во овие моменти не се заинтересирани за комплетна аквизиција, но дека се отворени за склучување договор кој ќе биде во најдобар интерес за акционерите.
Иако Микрософт одбива да открие детали од новиот предлог, Форбс претпоставува дека понудата е наменета за бизнисот со рекламирање на Јаху интернет пребарувачот. Постојат две варијанти, едната е аквизиција на тој бизнис а другата партнерство во кое Микрософт ќе продава реклами што ќе бидат објавени веднаш до резултатите од пребарувањата на Јаху.
Новата понуда доаѓа во периодот кога Јаху се подготвува да го објави бизнис договорот со Гугл, во кој е вклучено токму рекламирањето на интернет пребарувачот на Јаху а кој воопшто не му оди во прилог на Микрософт.
извор: on.net.mk
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар