
Вчера, односно на 11 мај 2008 година, по петти пат се одржа традиционалниот добротворен концерт "Боб Марли ин мемориам", на "школката" во гратскиот парк. Преовладуваше реге и ска. Настапуваа: ДЈ Чарлито, Лука, Иренска, Раста грл, ДЈ Славе, ДЈ Владо, ДЈ Бранко коцкица, бендовите “Лилит Вс. Амон Мра”, “Канон”, “Конкеринг Лајон”, а кулминација на годинешната прослава беше настапот на првиот реге-ска состав од Македонија, “Цилиндер”(Ристо Самарџиев, Пеце и Мите Димовски, Перо Јанков), кои се реоформираа специјално за оваа прилика, за првпат по нивното расформирање во средината на осумдесетите. И оваа година, манифестацијата е поддржана од Црвениот крст на Република Македонија и е дел од програмата за одбележување на Неделата на Црвен крст. За настанот воопшто да се случи голем придонес има и Дирекцијата за култура и уметност, која го обезбедува озвучувањето и осветлувањето. Секако, голема поддршка дојде и од уметниците, кои на овој добротворен настан редовно настапуваат без никаков надомест. Како и секоја година, беше весело и интересно, "вриеше" од млади и можеше да ги најдеш половина од луѓето што ги познаваш како се движат некаде низ паркот со чашка во раката.=)
2 коментари:
а ти како си помина зенска?
odlicno,zenska,ke ne bide:)use ako ni go prifati samo:):):)
Објави коментар