Микрософт одлучи бесплатно да го понуди својот Офис пакет на интернет, за користење како он-лајн апликација. Тоа значи дека корисниците ќе можат он-лајн да им пристапуваат и споделуваат своите Ворд, Ексел или Пауер Поинт документи. На сајтот Microsoft Office Live Workspace на секој корисник ќе му бидат дадени 250 мегабајти простор, што би било доволно за околу 1.000 просечни документи.Од својот профил корисникот ќе може да ги испраќа документите или истите да им ги даде на разгледување на колеги, кои пак преку својот браусер ќе можат да ги остават сопствените коментари и забелешки за дадениот документ. Услугата ќе биде компатибилна со Офис 2003 и Офис 2007. Сепак, ако корисниците сакаат да го уредат текстот на некој од документите, тие тоа ќе мора да го направат локално на инсталирана копија на Микрософт Офис или некој сличен пакет.Според многумина Office Live Workspace е одговорот на Микрософт на он-лајн апликациите на Гугл Docs & Spreadsheets, кои претставуваат бесплатна замена на Ворд и Ексел. Неодамна Гугл објави и своја верзија на Пауер Поинт.
вторник, 20 мај 2008 г.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Нема коментари:
Објави коментар