среда, 21 мај 2008 г.

Неколку интересни информации кои сигурно ќе ви го задржат вниманието



Трудниот маж ќе се породи на 3 јули
Томас Бити, трудниот маж очекува принова на 3 јули. Девојчето кое го носи стана чудо уште пред да се роди. За помалку од шест недели трудниот маж ќе стане мајка, пишува во денешниот број британскиот весник Дејли Мирор.“Тој е виден пред својата куќа како коси трева, а облечен е во маица со натпис ’Дефине Нормал’ (Дефинирај нормално)“, се вели во текстот. Според весникот, овој 34-годишник вели дека е како и секоја друга мајка.“На соседите и на сопругата не сум им необичен. Желбата за деца не е ниту машка, ниту женска работа, туку човечка“, рекол Бити.Иако неговата бременост предизвикува големо внимание и шок низ светот, него сепак го мачат исти проблеми како и на многу трудници. “За жал нема облека за трудни мажи. Како расте мојот стомак, расте и нов живот во мене. Но, без оглед на тоа јас сум сигурен во својата машкост“, рекол тој. Бити е дигач на тегови и има црн појас во карате.Тој е роден како жена со име Трејси Лагондино. Со хируршка интервенција го менува полот пред околу 10 години. Потоа земал машки хормони, а му биле остранети и градите. Сепак одлучил да ги задржи женските репродуктивни органи, па благодарение на тоа тој и неговата 45-годишна девојка Ненси, на која матката и била остранета пред 20 години, можат да имаат деца.


Деветгодишно девојче носи ембрион од својот близнак
Деветгодишно девојче, кое поради болки во стомакот било примено во болница во централна Грција, во себе го носело ембрионот на својот близнак, пренесоа агенциите.Лекарите од Централната болница во градот Лариса го прегледале девојчето и ја одложиле хируршката интервенција бидејќи утврдиле дека во себе има ембрион со големина од шест сантиметри. -Лекарите забележале дека стомакот на девојчето е надуен на десната страна, но не претпоставувале дека во туморот може да се крие ембрион, објаснува директорот на болницата Jаковос Брускелис.Андреас Марку, раководител на педијатриското одделение на болницата, изјави дека ембрионот претставувал оформен зародиш со глава, коса и очи, но без мозок и папочна врвца. -Ваков случај, во кој еден од близнаците се наоѓа во стомакот на другиот, се јавува еднаш на 500.000 живородени деца, појасни Марку. Девојчето е целосно закрепнато. „Неговото семејство не сака да се соопшти неговиот идентитет“, изјавија претставници на болницата.


Пиле со четири нозе
На фармата сопственост на Пашк Ѓолека во селото Дервен, во близина на албанскиот град Фуш Круја, меѓу повеќето пилиња се опилило и едно пиле со четири нозе. Како што јави дописникот на МИА од Тирана, од четирите нозе на пилето му функционирале само две, додека другите две кои се вишок на телото на пилето не функционираат. Ова е прв ваков случај регистриран во Албанија.




Извор: idividi.com.mk

1 коментар:

Saska D. рече...

ne mi se veruva za toj trudniot
ccccccccc
:))))