Дека смеењето е здраво е општо познат факт. Помага во намалувањето на стресот, а позитивно влијае и на срцето. Но, според германските психолози, вештачката насмевка има сосема спротивен ефект.
Не само што не го намалува стресот, туку дополнително и го зголемува, а може да поттикне и депресија, па дури и проблеми со срцето. Ова се однесува на насмевката која често може да се види на лицата на луѓето чија професија налага постојано да бидат насмеани, како на пример стјуардесите, или работниците во услуќните дејности.
"Доколку сте принудени да му се насмевнувате на секој потенцијален купувач или клиент, навистина може да ја поттикнете депресијата", смета професорот Дитер Зап од институтот Гете во Франкфурт.
Професорот им препорачува на "професионалните насмевнувачи" редовно да се одмараат за да се ослободат од насобраниот напорот кој им е потребен за ваквото насмевнување.
Едно од решенијата за овој проблем би можело да биде и вистинското уживање во работата, бидејќи доколку уживате - тоа значи дека насмевката е искрена, а ако е искрена, тогаш е добра и за здравјето.
Нема коментари:
Објави коментар