вторник, 20 мај 2008 г.

-Интересна вечер исполнета со многи изненадувања, Евровозија!!!


Според она што го прикажаа на генералната проба за првата полуфинална вечер, организаторите на „Евросонгот“ подготвуваат големо шоу со учество на своите најголеми спортски ѕвезди.За „Песната на Евровизија „ во Белград се најавува дека ќе биде една од најспектакуларните досега: фантастична сала, атрактивна сцена, многу гости... Колку се најавите точни ќе видиме веќе на првата полуфинална вечер.Според сценариото испробано на генералната проба, „Евросонгот“ почнува со инструментална верзија на минатогодишната победничка „Молитва“, на која се надоврзува детски хор со песна за Белград. Потоа следува огномет, а на местото на децата, доаѓаат трубачи и КУД „Коло“, кои заедно изведуваат хитови од претходните изданија на фестивалот. На пробата особено успешни беа трубачките верзии на „Volare“ и на „Waterloo“. Дури по ова на сцената се појавуваат водителите Јована Јанковиќ и Жељко Јоксимовиќ.Тие ги најавуваат првата група земји учеснички во полуфиналето, по што следува пауза, во која со видео-порака се обраќа тенисерката Ана Ивановиќ. Програмата продолжува со другите изведувачи, а секој се труди да привлече што повеќе симпатии. Така, Естонците мафтаа со знаме на Србија, Финците донесоа моќна пиротехника, полската претставничка блескаше во фустан обложен со кристали „Сваровски“... Сепак, најмногу аплаузи добија претставниците на Русија (горе), Грција и на Босна и Херцеговина.Откако завршува изведувачкиот дел, водителите го повикуваат тенискиот ас Новак Ѓоковиќ, кој со фрлање топче во публиката го означува почетокот на гласањето. Бидејќи Ѓоковиќ не дојде на генералната проба, него го „глумеше“ актерот Иван Клеменц. Се очекува тенисерот да биде присутен во официјалниот термин и пред да го најави гласањето, да ја отпее со Жељко Јоксимовиќ песната „Београде, Београде“.

Нема коментари: