среда, 21 мај 2008 г.

- И нормално сликата од убавиците кои ке се појават на филмското платно- конечно!!!! )))))


-Враќањето на убавиците - некаде предизвика забрана!!!!

Во Ерусалим и Петах Тиква, во централниот дел на Израел, се забрани рекламирањето на премиерата на филмот „Сексот и градот“ на уличните билборди.

- Не баравме да се рекламира голотија, ниту пак пораки кои би можеле да бидат навредливи за јавноста, а особено за заедницата на ултраортодоксните Евреи - изјавил портпаролот на „Форум филм“, дистрибутерот на кино - хитот за тамошниот пазар.

Властите на Израел негодуваат за насловот на филмот, но продуцнтите сметаа дека е смешно да се рекламира некој бренд, а да не му се објави името.
И тоа се заради малото зборче содржано во веќе добро познатата со години серија - „ Сексот и градот“ како во Ерусалим децата да им ги донеле штрковите!!!
Чудно и невистинито! Како и да е ерусалимците ќе го пропуштат најдоброто од „девојките“ досега, и тоа на големото филмско платно!

ФУДБАЛ........

Image Интересен натпревар со победа на Манчестер, специјално изгледан од моја страна, за ваква ексклузивна :))))))) информација. Со оваа победа Манчестер јунајтед стана нов европски првак за сезоната 2007_2008.
Еве што се разговараше пред натпреварот........


Манчестер Јунајтед или Челзи?


Прашање кое од Премиер Лигата се пресели и во Лигата на Шампионите. Повторно: Манчестер или Челзи? Сепак, на тронот ќе стојат Англичани, со што ќе се изедначат со Шпанците и Италијаните по бројот на титули во најелитното европско клупско натпреварување.

Во сезоната на англиско финале, Островјаните беа доминантни во Лигата на Шампионите како никогаш досега. Дури три англиски екипи (Манчестер, Челзи и Ливерпул) играа во полуфиналето, а четвртата, Арсенал, стигна до четвртфиналето каде налета на Ливерпул.

Англиските клубови преставуваат свет во мало. Во двете екипи по 11 фудбалери, а дури седум нации. Манчестер на московската трева ќе истрча со состав во кој има неколку Англичани, потоа Холанѓанец, Португалец, Французин, Србин, Аргентинец и Кореец. Челзи, пак, ќе има уште помалку Англичани, а двајца фудбалери од Брегот на Слонова Коска, Германец, Французин, Португалец, Чех и Ганец.

Манчестер игра поубаво од Челзи. Екипата на Фергусон има поубава, потечна и попрецизна игра. Но и Челзи има јаки адути. Екипата на Грант е потврда, поагресивна, појака во дуел играта, а има и убиствена контра во која Дрогба е скоро незапирлив.

Еве какви беа размислувањата на двајцата тренери на помалку од 24 саати пред натпреварот на сезоната:

“Играме голема сезона, го освоивме првенството, а ако успееме и Лигата на Шампионите, ќе можам да кажам дека ова е најдобрата екипа со која сум работел сите овие години во Манчестер (а 22 години не се малку).”-задоволно изјави Ферги.

Беше запрашан и како ќе го надмудри Челзи, во што и вечерва успеа.

“Ќе има малку надмудрување, бидејќи сѐ се знае. Мислам дека фактот што ние сме за нијанса помлади може да биде адут во воспоставувањето на ритам на мечот. Се надевам дека Челзи нема да може да не следи во тоа. Тоа е детал на кој можеме да создадеме разлика и шанса за нова титула.”-одговори стариот лисец Фергусон кој е и тоа како ценет од својот колега од другата страна, Аврам Грант:

“Сигурен сум дека господинот Алекс ќе се обиде да смисли некое изненадување за нас, но нашиот мотив е таков за да неможе ништо да ни попречи. Битно е да останеме со ладни глави. Сепак се работи за искусни фудбалери, Манчестер има повеќе вакви натпревари и тоа искуство треба да се почитува.”-изјави Грант.

“Сакам максимално залагање во финалето, сакам да бидеме подобри во Москва и на тој начин да му се заблагодарам на Роман за довербата која ми ја укажа во еден тежок момент од сезоната. А што ќе биде потоа, дали ќе останам, заминам, мислам дека ова не е ни време ни место да разговараме за тоа.”-заврши Израелецот.

За составот за финалниот натпревар не рече скоро ништо. Вели, “ќе зборувам на теренот”.

Патот кој го изодеа двете екипи за да стигнат до финалето:



Енрике Иглезијас ќе ја пее официјалната химна на Европското првенство




Песната „Кен ју хир ми“ на поп-ѕвездата Енрике Иглезијас ќе биде официјална химна на Европско првенство, кое ќе се оддржи во Австрија и Швајцарија.

- Енрике е идеален избор според мене. Тој е популарен во целиот свет, го сака фудбалот и има европски корени – изјави рекламниот директор на УЕФА, Филип Марграф.

33-годишниот Шпанец ќе го испее хитот на 10-минутната церемонија на 29 јуни за време на затворањето на ЕВРО 2008 по финалето на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена.

- Навистина сум почестен што бев избран на ваков начин да бидам дел од фудбалската претстава во Австрија и Швајцарија. Голема чест за мене е да пеам на финалето – изјави Иглезијас.

Песната е снимена во студио во Мајами, а видео-клипот, нормално, ќе биде со фудбалска тематика. На претходниот европски шампионат химна беше песната „Форца“ на Нели Фуртадо, која потекнува од Португалија.

Неколку интересни информации кои сигурно ќе ви го задржат вниманието



Трудниот маж ќе се породи на 3 јули
Томас Бити, трудниот маж очекува принова на 3 јули. Девојчето кое го носи стана чудо уште пред да се роди. За помалку од шест недели трудниот маж ќе стане мајка, пишува во денешниот број британскиот весник Дејли Мирор.“Тој е виден пред својата куќа како коси трева, а облечен е во маица со натпис ’Дефине Нормал’ (Дефинирај нормално)“, се вели во текстот. Според весникот, овој 34-годишник вели дека е како и секоја друга мајка.“На соседите и на сопругата не сум им необичен. Желбата за деца не е ниту машка, ниту женска работа, туку човечка“, рекол Бити.Иако неговата бременост предизвикува големо внимание и шок низ светот, него сепак го мачат исти проблеми како и на многу трудници. “За жал нема облека за трудни мажи. Како расте мојот стомак, расте и нов живот во мене. Но, без оглед на тоа јас сум сигурен во својата машкост“, рекол тој. Бити е дигач на тегови и има црн појас во карате.Тој е роден како жена со име Трејси Лагондино. Со хируршка интервенција го менува полот пред околу 10 години. Потоа земал машки хормони, а му биле остранети и градите. Сепак одлучил да ги задржи женските репродуктивни органи, па благодарение на тоа тој и неговата 45-годишна девојка Ненси, на која матката и била остранета пред 20 години, можат да имаат деца.


Деветгодишно девојче носи ембрион од својот близнак
Деветгодишно девојче, кое поради болки во стомакот било примено во болница во централна Грција, во себе го носело ембрионот на својот близнак, пренесоа агенциите.Лекарите од Централната болница во градот Лариса го прегледале девојчето и ја одложиле хируршката интервенција бидејќи утврдиле дека во себе има ембрион со големина од шест сантиметри. -Лекарите забележале дека стомакот на девојчето е надуен на десната страна, но не претпоставувале дека во туморот може да се крие ембрион, објаснува директорот на болницата Jаковос Брускелис.Андреас Марку, раководител на педијатриското одделение на болницата, изјави дека ембрионот претставувал оформен зародиш со глава, коса и очи, но без мозок и папочна врвца. -Ваков случај, во кој еден од близнаците се наоѓа во стомакот на другиот, се јавува еднаш на 500.000 живородени деца, појасни Марку. Девојчето е целосно закрепнато. „Неговото семејство не сака да се соопшти неговиот идентитет“, изјавија претставници на болницата.


Пиле со четири нозе
На фармата сопственост на Пашк Ѓолека во селото Дервен, во близина на албанскиот град Фуш Круја, меѓу повеќето пилиња се опилило и едно пиле со четири нозе. Како што јави дописникот на МИА од Тирана, од четирите нозе на пилето му функционирале само две, додека другите две кои се вишок на телото на пилето не функционираат. Ова е прв ваков случај регистриран во Албанија.




Извор: idividi.com.mk

вторник, 20 мај 2008 г.

-Нешто ново од Микрософт!!!


Микрософт одлучи бесплатно да го понуди својот Офис пакет на интернет, за користење како он-лајн апликација. Тоа значи дека корисниците ќе можат он-лајн да им пристапуваат и споделуваат своите Ворд, Ексел или Пауер Поинт документи. На сајтот Microsoft Office Live Workspace на секој корисник ќе му бидат дадени 250 мегабајти простор, што би било доволно за околу 1.000 просечни документи.Од својот профил корисникот ќе може да ги испраќа документите или истите да им ги даде на разгледување на колеги, кои пак преку својот браусер ќе можат да ги остават сопствените коментари и забелешки за дадениот документ. Услугата ќе биде компатибилна со Офис 2003 и Офис 2007. Сепак, ако корисниците сакаат да го уредат текстот на некој од документите, тие тоа ќе мора да го направат локално на инсталирана копија на Микрософт Офис или некој сличен пакет.Според многумина Office Live Workspace е одговорот на Микрософт на он-лајн апликациите на Гугл Docs & Spreadsheets, кои претставуваат бесплатна замена на Ворд и Ексел. Неодамна Гугл објави и своја верзија на Пауер Поинт.

-Свежо за огромната евровизиска треска!!!!


Финалето на годинашниот „Евросонг“ ќе се одржи на 24 мај, денот кога пред точно 52 години се одржа првиот евровизиски избор. Во „Белградска арена“ ќе се чуе и јубилејната 1.000 песна отпеана на големата музичка манифестација.
Во „Арена“ се обезбедени 68 луксузни ложи, на натпреварувачите им се на располагање 30 гардероби, 40 соби за шминкање и посебна просторија за пеглање и за евентуална поправка на облеката на натпреварувачите.
Во живо, натпреварот ќе го проследат 14.000 гледачи, во партерот 900 места се за фановите, а другата половина е преадаптирана за џиновската сцена, долга и широка 25 метри. Над гледачите ќе ротираат 500 рефлектори. Сите гледачи ќе поминат преку детектор. Ангажирани се повеќе од 400 полицајци и обезбедување.
Делегациите на Израел и на Албанија побараа и добија засилена придружба од српското министерство за внатрешни работи. Пејачите на располагање имаат луксузни автомобили, договорено е целодневно крстарење, а за најхрабрите дури и лет со балон. Делегациите се сместени на дваесет различни локации.
Сите влезници за финалето се распродадени два и пол месеци порано, а некои хотели се резервирани една година однапред. Цените за сместување се екстремно скапи во српската метропола. Големите фаци се сместени во хотелот „Хајат“, а луксузните дипломатски и претседателски апартмани се на 7-ми и на 8-ми кат и едно ноќевање чини од 1.255 до 1.555 евра. Светски познатиот моден дизајнер Жан Пол Готје ќе престојува во истите соби каде претходно биле сместени членовите на „Ролинг Стоунс“ и Бил Клинтон. Првите десет земји кои ќе добијат виза за големата завршница ќе се знаат вечерва по полноќ. Второто полуфинале кога Македонија ќе ги има своите три минути е закажано на 22 мај, а финалето е в сабота.