вторник, 13 мај 2008 г.

"БЕВЕРЛИ ХИЛС" СЕ ВРАЌА СО ВОЗРАСНАТА ЏЕНИ ГАРТ

Телевизиската серија, која пред повеќе од една ипол деценија ги освои гледачите од светот, ќе биде обновена наесен, со дуги актери, но и со една од старите актерки.
Според пишувањето на американските весници, Џени Гарт се враќа во серијата. Продуцентите на телевизијата ЦВ потврдија дека е постигнат договор за нејзин ангажман во серијалот кој своевремено ја прослави.
Гарт повторно ќе го игра стариот лик на Кели, само што со оглед на возраста нема да биде ученичка во гимназија, туку ќе им помага на младите како советник во насочување на образование.
Засега ниту еден од поранешните колегите на Џени не е повикан да се врати во серијата. Џејсон Пристли изјави дека никој не контактирал со него околу евентуален кам-бек, но додава дека е отворен за соработка.

2 коментари:

aleksandra рече...

stvarno be, ako ne sami ke si piseme:):)
lele kolku ostarela ovaa,boze boze,cccc!:)
luda si!
:)

кика рече...

Да да женска стварно остарела. Александра има право. Него Сашка пиши сега и ти твое мислење. Нели остарела? =D