вторник, 20 мај 2008 г.

-Свежо за огромната евровизиска треска!!!!


Финалето на годинашниот „Евросонг“ ќе се одржи на 24 мај, денот кога пред точно 52 години се одржа првиот евровизиски избор. Во „Белградска арена“ ќе се чуе и јубилејната 1.000 песна отпеана на големата музичка манифестација.
Во „Арена“ се обезбедени 68 луксузни ложи, на натпреварувачите им се на располагање 30 гардероби, 40 соби за шминкање и посебна просторија за пеглање и за евентуална поправка на облеката на натпреварувачите.
Во живо, натпреварот ќе го проследат 14.000 гледачи, во партерот 900 места се за фановите, а другата половина е преадаптирана за џиновската сцена, долга и широка 25 метри. Над гледачите ќе ротираат 500 рефлектори. Сите гледачи ќе поминат преку детектор. Ангажирани се повеќе од 400 полицајци и обезбедување.
Делегациите на Израел и на Албанија побараа и добија засилена придружба од српското министерство за внатрешни работи. Пејачите на располагање имаат луксузни автомобили, договорено е целодневно крстарење, а за најхрабрите дури и лет со балон. Делегациите се сместени на дваесет различни локации.
Сите влезници за финалето се распродадени два и пол месеци порано, а некои хотели се резервирани една година однапред. Цените за сместување се екстремно скапи во српската метропола. Големите фаци се сместени во хотелот „Хајат“, а луксузните дипломатски и претседателски апартмани се на 7-ми и на 8-ми кат и едно ноќевање чини од 1.255 до 1.555 евра. Светски познатиот моден дизајнер Жан Пол Готје ќе престојува во истите соби каде претходно биле сместени членовите на „Ролинг Стоунс“ и Бил Клинтон. Првите десет земји кои ќе добијат виза за големата завршница ќе се знаат вечерва по полноќ. Второто полуфинале кога Македонија ќе ги има своите три минути е закажано на 22 мај, а финалето е в сабота.

3 коментари:

*IVANCE* рече...

fala vi za site ovie informacii. megutoa po zavrsuvanjeto na prvoto polufinale ostanav razocarana! od 19 mi se svigaa samo 3 pesni a se bese vo znakot na kokoski misirki....

Saska D. рече...

ne da bea katastrofa, nego......

V.S. рече...

tolku treskanje i krevanje galama za cirkusot narecen Evrovizija nevredi- site se ko klovnovi - a Makedoncive toa go svakaat premnogu seriozno, za razlika od mnogu drugi ucesnici