Песната „Кен ју хир ми“ на поп-ѕвездата Енрике Иглезијас ќе биде официјална химна на Европско првенство, кое ќе се оддржи во Австрија и Швајцарија.
- Енрике е идеален избор според мене. Тој е популарен во целиот свет, го сака фудбалот и има европски корени – изјави рекламниот директор на УЕФА, Филип Марграф.
33-годишниот Шпанец ќе го испее хитот на 10-минутната церемонија на 29 јуни за време на затворањето на ЕВРО 2008 по финалето на стадионот „Ернст Хапел“ во Виена.
- Навистина сум почестен што бев избран на ваков начин да бидам дел од фудбалската претстава во Австрија и Швајцарија. Голема чест за мене е да пеам на финалето – изјави Иглезијас.
Песната е снимена во студио во Мајами, а видео-клипот, нормално, ќе биде со фудбалска тематика. На претходниот европски шампионат химна беше песната „Форца“ на Нели Фуртадо, која потекнува од Португалија.
1 коментар:
hmmmmmmm super ste pocnale extra abe od vas ne se ni somnevav najdobri ste
Објави коментар